Во последните 24 часа се регистрирани 1.865 нови случаи на ковид од 6.173 тестови. Тоа изнесува 30,2 отсто позитивни тестови од примероците. Толкав голем процент на позитивни тестови немало многу одамна и очигледно дека станува збор за брзото ширење на Омикрон варијантата.
Според градови и натаму најмногу нови случаи има во Скопје – 871, па во Битола – 177, Прилеп – 119, Куманово – 86, Охрид – 60, Кавадарци и Велес – по 53, Кичево – 46, Штип – 40, Струмица – 38, Тетово – 37, Гевгелија – 28, Гостивар – 27…
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 207 реинфекции.
Регистрирани сe 784 оздравени пациенти, повторно најмногу од Скопје – 477, па Битола – 52, Прилеп – 40, Кавадарци – 30, Велес – 22, Охрид – 19, Куманово – 18, Гевгелија – 16…
Регистрирани се осум починати лица: по две починати лица од Скопје (81 и 86) и Битола (65 и 66) и по едно починато лице од Прилеп (45), Охрид (69), Струмица (68) и Валандово (72). Сите се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати е 8.070, а бројот на активни случаи изнесува 14.545.