Четворица тетовци претепале двојно постар маж поради недоразбирање во сообраќајот – еве ги деталите

0
21

Четири лица на возраст од 19 и 20 години се приведени веднаш по физички напад над двојно повозрасен жител на Џепчиште поради недоразбирање во сообраќајот. Инцидентот се случил на улицата „ЈНА“ во Тетово вчера околу 15 часот.

-Полициски службеници ги лишиле од слобода А.А.(20), Б.А.(19) и Ј.А.(20) од Тетово и Е.Ш.(20) од тетовско Ново Село, поради сомнение дека непосредно пред тоа физички го нападнале 40-годишниот Б.Б. од тетовско Џепчиште.Според пријавеното, додека со возило се движел кон улицата „ЈНА“, четворицата се нафрлиле врз него, а поради недозразбирања во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Се расчистува и документира случајот, по што во координација со Јавен обвинител на инволвираните во овој случај ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.