Почина 67 годишен жител од гостиварско

0
18

Вчера попладне во СВР Тетово пријавено е дека во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ бил донесен починат 67-годишниот М.С. од Неготино-Полошко.

„Според пријавеното, тој паднал од скала додека изведувал молерски работи во куќа во ова село. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, а по наредба на Јавен обвинител телото на М.С. му е предадено на семејството“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.