АДМИНИСТРАЦИЈАТА НЕ СЕ ОТКАЖУВА, И ДЕНЕСКА ПРЕКУ ПРОТЕСТ БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ

0
240

Синдикатот денеска ги посети вработените од министерството за култура, од каде претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски побара од опозицијата да ги тргне рацете од протестите, а до власта пак упати апел што поскоро да започнат преговори за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение. Деаноски кажа и дека дел од вработените имале притисоци да не излезат на протестите, но не сакаше да открие за кои министерства станува збор.

– Секој обид од страна на Владата или политичките партии да докажат дека во протестите или во работата на синдикатот ќе им биде залуден. Да ја замолам сегашната опозиција да не се лепи на овие протести бидејки имаа 7 години да го решат овој проблем, но наместо да го решат направија се што можат да го забранат колективното договарање, па дури беа и првата влада која поништила колективен договор.- Трпе Деаноски – претседател на УПОЗ

Потсетувајки дека со истото барање минатата година протестирале 20 дена, вработените од министерството за култура посочија дека нивните плати останале под просечната во земјава, додека дел од нивните колеги во државните институции го добиле почакувањето од 30%.

– Ние го поздравуваме покачувањето на платите на нашите колеги од останатите државни органи, но истовремено бараме од министерот за финансии, Владата и премиерот да не дозволат нерамноправен третман на вработените во државните органи.- Бранко Костовски – претседател на синдикална организација на Министерство за култура и туризам

Од Владата неколкупати изразија загриженост за политички мотив и побараа проблемот да се реши со дијалог. Од синдикатот пак велат дека имале дијалог со министрите, кои самите увиделе дека платите на вработените во администрацијата се ниски, а кадарот дефицитарен, по што биле изготвени нови колективни договори, но биле одбиени од Министерството за финансии.