Важна информација за македонските навивачи – Хрватите забранија знамиња од Вергина в сала!

0
716
DENIS

Хрватската ракометна федерација го објави кодексот на однесување на навивачите што ќе бидат присутни во Пореч, Вараждин и Загреб на натпреварите од Светското првенство.

Повеќе од 1.000 македонски навивачи се најавени за трите меча на нашата репрезентација во „Вараждин Арена“, а организаторот и полицијата објавија дека само официјалните знамиња ќе може да се внесуваат во салата.

Максималната димензија на знамињата треба да биде 2 x 1,5 метри, и не треба им попречуваат на другите гледачи во следењето на натпреварите.

Македонија е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а првиот меч го играме утре против Унгарците од 20:30 часот