Софија може да биде убедена. Ова е ставот на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, искажан во Топ Тема на Телма, за тоа дали Бугарија би прифатила уставните измени со одложено дејство како решение со кое Македонија би го продолжила пристапниот процес во ЕУ.
Јас сум сигурен дека Софија може да биде убедена. Треба ЕУ и земјите членки на Европската унија, заеднички со нас, сите да го искористиме кредибилитетот кој што го имаме и да разговараме со Софија. Ќе повторам, Софија со нашиот пример прави историска грешка и јас сум убеден и дека најголем дел од чинителите коишто се во соседна Бугарија се свесни за тоа, иако заради некои опортунистички политички причини не си го признаваат тоа, изјави во Топ Тема, Муцунски









