Коалицијата ВРЕДИ која е дел од владата денеска со тврдење дека внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети има бел ролс ројс, додека Мијалков вози црвено ферари во Монте Карло.
Тие додаваат и дека „живееме во земја во која политичарите и нивните семејства промовираат луксузен живот, додека граѓаните пресметуваат како да се справат со своите трошоци до крајот на месецот.“
Преку соопштение, реагираше Дрин Ахмети кој наведе дека не се точни наводите на ВРЕДИ и побара извинување.
„Ако има вистина во оваа приказна, ве предизвикувам да обезбедите јасни, непобитни докази – фотографии, записи од регистарски таблички, извештаи на очевидци или која било друга легитимна документација – за да го потврдите вашето тврдење. Ширењето такви невистини е и штетно за мојот углед и погрешно за јавноста. Барам итно повлекување на вашата изјава и формално јавно извинување. Ако не го сторите тоа навреме, нема да ми оставите друг избор освен да ги следам сите достапни правни лекови“, стои во испратениот мејл на Дрин Ахмети, напишан на англиски јазик.
Внукот на Али Ахмети оценува дека неодговорно и неетичко е да се шират неосновани изјави во обид да се одвлече вниманието од какви било недостатоци или неуспеси на владеачката коалиција. Дрин ги повикува ВЛЕН „да се фокусираат на конструктивен дијалог и фактички дискурс наместо да прибегнувате кон тактики за оцрнување“.
Приказната за белиот Ролс ројс со кичевски таблички беше дел од истражувањата на КОД на Телма за „Семејно стебло Зајас“ и според информации објавени во февруари 2023-та, луксузното возило било регистрирано на фирма чиј сопственик е брат на сватот на Али Ахмети. Ролс ројсот фантом потоа беше продаден во Тетово и доби тетовски таблички, а во Македонија стигнал преку Шутка. Речиси две години подоцна, возилото е дел од партиско соопштение









