Саубермахер: За почист град, тетовци отпадот да го одлагаат во контејнери, а не околу нив

0
375

За време на зимскиот период вообичаено околу контејнерите во Тетово се создаваат поголеми количини на смет поради снегот и мразот на улиците. Компанијата Саубермахер која го собира и транспортира комуналниот отпат упатува апел до граѓаните да не го отежнуваат проблемот со комуналниот смет за време на зимските месеци и да го фрлаат отпадот во самите контејнери, а не околу нив.

„Зимскиот период е веќе тука и со тоа се јавуваат и посебни предизвици за нашите работници и возилата поради снегот и мразот на улиците. Ви се обраќаме со молба да не ги оставате отпадоците надвор од контејнерите. Со оглед на временските услови, кога отпадот е расфрлан околу контејнерите, освен што се отежнува работата на нашите работници и влиаје врз ефикасноста на терен, секако дека има негативното влијание и врз животната средина. Воедно, доведува до дополнителни околности, како што се, пречки при движењето на луѓето и возилата, особено кога има снежна покривка, проблеми со чистотата на јавните простори, зголемен ризик од ширење на болести, изјавија од Саубермахер.

Со Вашата соработка можеме да ја одржиме нашата средина чиста и безбедна за сите. Ве молиме да го одлагате отпадот исклучиво во контејнерите. Заедно можеме да направиме разлика!, дополнија од компанијата Саубермахер.