ИЛИРЕ ДАУТИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

0
375

По една недела меѓусебни прозивки и неизвесност, заврши сагата со интерпелацијата на Илире Даути – таа самата поднесе оставка во Собранието како претседателка на Комисијата за социјална политика, откако претходно со мнозинство гласови од 61 пратеник и беше изгласана недоверба. Почетокот на денешната собраниска седница беше на моменти во зовриена атмосфера, а во собраниската сала настана мешаница откако Даути и Гаши најпрво меѓусебно се обвинуваа кој го крши Деловникот. Даути бараше да ја образложи оставката веднаш, Гаши инсистираше тоа да го направи на наредна седница. Не изостана ниту вербалната војна меѓу Даути и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои извикуваа дека го прекршува Деловникот.

По кратката пауза за да се смират страстите и инсистирањето од нејзините колеги од Европскиот фронт кои излегоа како поддршка на Даути, Гаши дозволи да ја образложи оставката. Таа пред пратениците повтори дека работела совесно и не ги прекршила процедурите со блокадата на законот за бранители