На првиот учлишен ден од второто полугодие 11 годишен ученик од Основното училиште Гоце Делчев во Прилеп,преку прозорец од трет кат паднал во училишниот двор.
Ученикот веднаш е префлен во прилепска болница а од таму итно е испратен и хоспитализиран во Клиниката за детска хирургија во Скопје.
Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност вели за Канал 5 директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски . Според него детето има повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете.според информациите на Канал 5 несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот.








