Нема терапија за пациентите со најтешката болест

0
216

Нема биолошка терапија на онкологија. Тецентрик, Авастин, Ибранс, Кискали, Фулвестрант, Ербитукс – се лековите кои ги нема на клиниката. Пациентите стравуваат дека за брзо време ќе има недостиг и на други терапии за одредени малигни болести. велат дека клиниката не е во можност да одговори на зголемувањето на бројот на болните со метастазирани канцери и тоа е една од причините зошто се појави овој недостаток.

Ова е само проодлжение на хаосот на онкологија кој што владее години нанзад.

Надлежните велат дека работат на изнаоѓање на решение на проблемот со недостатокот на лекови.Според нив потребно е време да се решат и останатите нерегуларности кои владееле во време на претходното раководство на клиниката.

Утре на иста маса ќе седнат преставници од Влада, раководството на ФЗОМ и Клиниката за онкологија за итно да се набави биолошката терапија.

„Состојбата со достапноста на биолошката терапија е резултат на административни процедури, што се реализираат согласно буџетот за 2024 година. Овој буџет беше изработен во претходната година врз основа на проценките во тој период и не ги одразуваше целосно тековните потреби на клиниката. Дополнително, треба да се земат предвид и континуираниот пораст на бројот на онколошки пациенти, како и сложеноста на административните и финансиските процеси што влијаат врз набавката на лекови“, велат од Клиниката.