Напаѓачот на Данела е спроведен во Шутка

0
454

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје, поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, донесе решение со кое утврди дека жалбата е основана и мерката куќен притвор за осомничениот напаѓач на градоначалничката Данела Арсовска, С.Љ. ја замени со мерка затворски притвор.

Имено, на С.Љ. осомничен за кривичното дело – Насилство, првично му беше определена мерка куќен притвор. Но, советот смета дека постои опасност од бегство и околности кои оправдуваат дека може да го повтори делото, па заради тоа му определи мерка притвор во скратена постапка.

Судот добил известување од полицијата дека напаѓачот е веќе спроведен во затворот во Шутка.