Работник на „Комуналец“ загинал 10 дена пред загадувањето на водата во Гостивар

0
75

Нови детали поврзани со случувањата во гостиварски „Комуналец“ отвораат дополнителни прашања за настаните што му претходеле на загадувањето на водата за пиење во Гостивар.

Како што објави ТВ Телма, вработен во ЈП „Комуналец“ загинал на 15. јуни годинава при интервенција во водоводниот систем, само десет дена пред поставувањето на пумпите кои подоцна го загадиле водоводниот систем и предизвикаа здравствена криза во градот

Според првичните информации, работникот бил ангажиран за чистење на канал на локација каде што се наоѓаат одводни канали за прибирање на проточни води. При интервенцијата тој се заглавил и го загубил животот. Случајот бил пријавен во полиција и за него биле преземени соодветни дејствија.

Во меѓувреме, надлежните институции сè уште не утврдиле поврзаност меѓу трагичниот настан и последователното поставување на пумпите кои, според истрагата, довеле до загадување на водата за пиење.