Активиран ЕУ механизмот, бараме помош во воздухоплови – Ангелов со апел: Земете трактори и изорајте околу куќите

0
297

Македонија гори – земјава го активираше ЕУ механизмот за цивилна заштита. Очекуваме помош од ЕУ во справување со пожарите, најмногу од соседите кои исто така се борат со огнените стихии, најпотребни ни се во воздухоплови. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов вели сили на земја имаме доволно, но тие се исцрпени од секојдневната борба со пожарите.

За жал дождовите кои што ги очекувавме денес на територијата на Македонија нема да ги има според УХМР, доаѓа до промена односно постојат само мали шанси од врнежи во северните делови и северозападните каде што во суштина немаме и пожари. Мислам на северозападните делови. Од овие причини денес го активиравме и ЕУ механизмот за цивилна заштита на Европската унија“, додаде Стојанче Ангелов.

Денеска регистрирани се 16 пожари од кои 8 се активни, 6 се ставени под контрола, а 2 биле изгаснати. Најголем и најтежок е тој на планината Готен со кој пожарникарите се борат со денови. Се дејствува и од воздух и од земја но има стравувања дека може да стигне до селата.

Апелирам до жителите на овие села во овој регион, значи планина Готен од страна на Радовиш во преостанатите часови во кои пожарот се движи кон нивните села да исчистат околу своите куќи, особено оние кои што се наоѓаат. Живеат на крајот од селото од страната на пожарот нека најдат трактори нека изорат 5-6 по можност и 10 метра. Доколку тоа место е изорано огнот не може да се движи по земја“, вели Стојанче Ангелов.

Од пламените јазици успешно беше евакуиран и припадник од Армијата со помош на полицискиот хеликоптер Агуста Бел 212.