НА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД КАМПАЊАТА АХМЕТИ НЕМА ДА БИДЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ПРОТЕСТИРА ЗА СЛОБОДА И ПРАВДА ЗА УЧК

0
202

Али Ахмети, на 17 октомври, во последниот ден од изборната кампања, одлучи да ги откаже сите планирани партиски активности и да учествува на општонародниот протест во Тирана, свикан од организациите произлезени од војната на ОВК.

Протестот ќе се одржи на плоштадот „Скендербеј“ во Тирана, со почеток во 17:00 часот, под мотото: „Правда за ослободителите, против неправдата во Хаг“. Али Ахмети, кој беше присутен и на протестот организиран во Приштина, како еден од основачите на Ослободителната војска на Косово, ја прифати поканата на организаторите да биде дел од овој голем општонароден протест. 

„За ДУИ и за нејзиниот претседател, војната на албанскиот народ предводена од Ослободителната војска на Косово била праведна, неопходна и поддржана од целиот демократски, западен и слободољубив свет. Периодот по војната и бројните судски процеси, домашни и меѓународни, јасно ја потврдија чистотата на таа војна за слобода, демократија и независност. ДУИ потенцира дека правдата за албанскиот народ не може да се гради врз политички процеси наметнати од Русија, ниту врз „докази“ фабрикувани од Србија. Претседателот Али Ахмети е неразделен дел од борбата за слободата на албанскиот народ и токму поради тоа силно го поддржува протестот свикан од организациите произлезени од војната на ОВК, откажувајќи ги сите изборни партиски активности, велат од ДУИ.