Али Ахмети, на 17 октомври, во последниот ден од изборната кампања, одлучи да ги откаже сите планирани партиски активности и да учествува на општонародниот протест во Тирана, свикан од организациите произлезени од војната на ОВК.
„За ДУИ и за нејзиниот претседател, војната на албанскиот народ предводена од Ослободителната војска на Косово била праведна, неопходна и поддржана од целиот демократски, западен и слободољубив свет. Периодот по војната и бројните судски процеси, домашни и меѓународни, јасно ја потврдија чистотата на таа војна за слобода, демократија и независност. ДУИ потенцира дека правдата за албанскиот народ не може да се гради врз политички процеси наметнати од Русија, ниту врз „докази“ фабрикувани од Србија. Претседателот Али Ахмети е неразделен дел од борбата за слободата на албанскиот народ и токму поради тоа силно го поддржува протестот свикан од организациите произлезени од војната на ОВК, откажувајќи ги сите изборни партиски активности, велат од ДУИ.









