Американскиот геолошки завод денес регистрираше ерупција на лава од отворот во кратерот на вулканот Килауеа на Хаваи.
Вулканот Килауеа исфрла лава во редовни интервали од крајот на минатата година, а научниците забележуваат дека магмата го следи истиот подземен пат до површината.
Вулканот се наоѓа на островот Хаваи, околу 320 километри јужно од главниот град Хонолулу.









