Две поголеми странски компании кои со години работат во зоната во Скопје заминуваат. Најдоцна до крајот на идната година АПТИВ ќе ја затвори својата фабрика во Бунарџик. Ова за Телма го потврдија и од компанијата. Според, информациите кој ги добивме, од август до сега бројот на работници го намалиле за околу 30 отсто. Од ТИРЗ пак тврдат дека од менаџментот на Аптив им укажале дека се преговара со други мултинационални компании за преземање или пак за продавање на нивниот бизнис во зоната во Скопје. Но, на прашање од Телма дали може би се во преговори за такво нешто и за колку го скратиле бројот на работници од Аптив конкретно не одговорија. Посочија само дека ќе продолжат со нивните операции согласно глобалните случувања.
Освен Аптив, клуч на врата ќе стави и американската Дура. За одлуката го известиле и менаџментот на ТИРЗ од каде тврдат дека ќе побараат компанијата да врати дел од државната помош, заради неисполнување на обврските









