Таткото на загинатата Надица од „Пулс“ со потресна објава: „Тоа беше последното затворање на вратата

0
196

Александар Наунов, таткото на Надица, која трагично загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео од нејзиното последно заминување од дома — момент што засекогаш му го промени животот.

Последното затворање на вратата… тоа беше обично затворање на врата. Но за мене — тоа беше последниот здив на мојот свет. Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка, а јас не знаев дека зад неа ќе остане заробен нејзиниот живот. Наместо да ја чекам со внуци во прегратка, јас ја чекам во соништата — таму каде што не гори. Надица, ти остана вечна во моето срце, во секоја свеќа и секоја солза. Твоето име ми е молитва, твојот лик — вечна светлина. Додека светот заборава, јас ќе живеам за да те паметам“, напиша Наунов.