Божиќниот бонус стана задолжителен во Словенија, годинава ќе изнесува 639 евра!

0
466

Словенечката влада одобри закон со кој ќе се воведе задолжителен божиќен бонус за сите вработени, објавија локалните медиуми.

Бонусот за зимски празници ќе биде половина од минималната плата, што значи дека оваа година ќе изнесува 639 евра.

Според вчера усвоената регулатива, рокот за исплата на бонусот е најдоцна 18 дена по истекот на рокот за исплата на плати во ноември. Доколку компанијата има тешкотии со ликвидноста, парите може да се исплатат до 31 март.