Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија се дека следната година од март минималната плата во земјата ќе се зголеми само за 1.600 денари и тоа на основа на законско усогласување со растот на пресметаната проосечна плата на годишно ниво за 2025.
Спооред ССМ, минималната плата и тогаш ќе биде убедливо најмала во регионт. Претходно на барањето на синдикалната организација, минималецот внредно да се зголеми на 600-тини евра, политички субјекти од власта рекоа дека тој во март следната година ќе се зголеми за 2.000 денари и ќе изнесува 26.400 денари.
„Во Македонија, висината на минималната плата изнесува 397 евра и според најавите на Владата истата нема да се менува до март 2026 година кога планираат само законско усогласување кое нема да биде поголемо од 1.600 денари.
Косово, минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази. Во првата фаза од јануари 2026 година ќе изнесува 425 евра, а од јули 2026 година ќе изнесува 500 евра или зголемување за 150 евра.
Албанија, од 1 јануари 2026 година, минималната плата ќе изнесува 500 евра. Минималната плата ќе се зголеми за 307.850 вработени, кои ќе го добијат износот од 500 евра. Владата ќе ги субвенционира и дополнителните трошоци за осигурување за вработените во приватниот сектор со 90 милиони евра за период од 9 месеци (тоа што го бараше ССМ)
Србија, Владата со Одлука ја зголеми минималната плата и истата од октомври 2025 година изнесува 500 евра, а од









