БАРАМЕ СУДЕЊЕ БЕЗ ОДЛОЖУВАЊА, БЕЗ ПРИТИСОЦИ, БЕЗ ПРИКРИВАЊЕ ДОКАЗИ

0
190

Илјадници граѓани денеска им се приклучија на родителите на загинатите млади во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на големиот Марш на ангелите што се одржа во центарот на Скопје. Настанот започна во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, а заврши пред Основниот кривичен суд, симболично, таму каде што следната недела треба да започне судењето за случајот.

– Бараме судење без одложување, без притисоци, без прикривања на докази, без селективност. Да се слушне секој факт и да се утврди секоја одговорност, колку и да е непријатна – порачаа семејствата на загинатите на денешниот марш во Скопје