По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28 април, Македонско здружение за заштита при работа денес го одбележува овој значаен датум со објава на Годишниот извештај за несреќи при работа и професионални заболувања за 2025 година
Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, воспоставен од Меѓународната организација на трудот (ILO), има за цел да ја подигне свеста за значењето на превенцијата на повредите при работа и унапредувањето на безбедните и здрави работни услови. Овој ден претставува потсетник дека секоја несреќа може и треба да биде спречена преку систематски пристап, едукација и одговорност од сите засегнати страни.









