Поништени дипломи на УКИМ и Славјански универзитет по утврдени неправилности

0
110

Министерството за образование и наука започна постапка за поништување на академски дипломи на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на Славјанскиот универзитет, по утврдени сериозни неправилности во процесот на нивно издавање. Случаите се веќе доставени до Јавното обвинителство, кое ќе ја продолжи постапката.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, информираше дека на Филозофскиот факултет при УКИМ се поништуваат осум дипломи поврзани со претходно спорни уписи, а постапката опфаќа вкупно 17 студенти,

Дел од нив биле запишани на втор циклус студии и веќе се стекнале со магистерски дипломи, додека други го продолжиле образованието на трет циклус, односно докторски студии. По завршување на интерните процедури, факултетот треба да поништи уште едно уверение, по што МОН ќе ги поништи и останатите документи.

Вториот случај се однесува на приватниот Славјански универзитет, каде се поништени две дипломи издадени на еден ист студент, Според информациите, постои сомнеж дека лицето истовремено било запишано на додипломски и постдипломски студии.