Мицкоски: Владата спроведува мерки за поддршка три месеци

0
56

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека актуелната состојба со флуктуациите на цените на нафтата на меѓународните пазари, како последица на конфликтот на Блискиот Исток, се следи со големо внимание. Тој потенцираше дека идните чекори на Владата, која веќе три месеци спроведува мерки за поддршка, ќе бидат базирани на овие глобални параметри.

“Вчера беше нападнат еден танкер во теснецот, што резултираше со пораст на цените на горивата на светските берзи. Беше погодена рафинерија и пристаниште во Фуџеира, емират кој се наоѓа под теснецот и игра клучна улога во заобиколувањето и непречената достава на нафта и нафтени деривати. Целиот овој развој настани доведе до значителен скок на цените на берзите, при што цената на Брент во еден момент достигна 114-115 долари за барел”, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по полагањето камен-темелник за доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром.

Тој додаде: “Внимателно ја следиме ситуацијата и врз основа на овие параметри ќе ги насочиме нашите понатамошни активности.”

Мицкоски подвлече дека Владата, веќе три месеци, презема мерки за справување со кризата на Блискиот Исток, што, според него, резултира со најниски цени на горивата во регионот