Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган испрати директна порака до Европска унија, обвинувајќи ја дека со децении применува двојни стандарди и намерно ја држи Турција надвор од членството.
„Секогаш наоѓавте изговор да нè оставите пред вратата“, порача Ердоган, нагласувајќи дека прашањето повеќе не е каде стои Анкара, туку каква иднина си ја црта Брисел.
Тој оцени дека Унијата не може да биде вистински глобален играч без Турција како полноправна членка и предупреди дека „стратешката кратковидност“ и понатаму доминира во европските институции.
Ердоган потсети дека процесот на приближување трае уште од 1959 година, но според него, Турција постојано се соочувала со предрасуди – од критики за демократијата, преку економски стравови, до прашања поврзани со верата и идентитетот









