Студенти од домот Гоце Делчев со кофи и метли се штитат од стаорци, купиле и лепак да ги ловат

0
88

Студенти кои живеат во блокот Б кој е дел од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје oвој период се соочуваат со низа на проблеми. Еден од нив е проблемот со стаорци кој се појавил на повисоките катови во блокот. Проблемот бил пријавен од нивна страна, но со потешкотии поради тоа што не е конституиран совет на станари од страна студентите, па контактот и пренесувањето на проблемите оди под отежнати околности. Студентка која анонимно се обрати до Телма тврди дека со нејзината цимерка цела ноќ вчера не можеле да спијат, бидејќи им било страв од стаорецот кој шетал во доцните часови таа вечер. Па затоа со барикади од кофи и со помош на метли се обидувале да се заштитат. Дополнително денес од свои пари набавиле лепак против глувци кои го поставиле во своите соби со цел поскоро да се справат со проблемот