Група од 20 луѓе нападнала две момчиња во Тетово

0
428

СВР Тетово поднесе кривична пријава за настанот кој се случил завчера, во кој две млади лица биле нападнати од група од 20 лица.

Нешто пред полно, во СВР Тетово М.М. (18) од Тетово пријавил дека околу 23 часот, додека со својот другар Л.Ф. (18) се движеле пеш по улицата „Ленин“, во близина на мостот на реката Пена, биле физички нападнати. Според пријавеното, тие забележале група од околу дваесетина млади лица кои цртале графити, а едно од лицата им се обратило со провокативни зборови на национална основа. Набрзо потоа, групата ги опколила, при што едно маскирано лице физички го нападнало М.М., додека друго лице го нападнало неговиот другар. Пријавувачот идентификувал едно од лицата од групата, кој е Л.Џ. од Тетово.