Зошто нема формална постапка за евентуална одговорност за Абази за “Мазут”, туку само празна политичка реторика?

0
62

Реотворање на истрагата или одговорност за запирање на постапката во случајот „Мазут’ може да има само по жалба на оштетена страна – односно ако се утврди злоупотреби во истрагата на обвинителството – вели професорот по кривично право Гордан Калајџиев.

Ваквите одлуки за сериозни случаи не се носат преку ноќ. Истите се реферираат пред колегиум и практично се донесуваат колективни одлуки, дополни Калајџиев

Од ВМРО ДПМНЕ и денеска со барање на оставка на шефот на ОЈО ГОК Ислам Абази

Пратеникот Антонио Милошоски тврди дека истрагата за овој предмет се води селективно. Наместо да бидат анализирани официјални извештаи, биле земани изјави од како што вели „непрофесионални лица“.

ЕСМ најави приговор до Вишото јавно обвинителство, откако обвинителката Катерина Коларевиќ ја прекина истрагата за предметот „Мазут“,

Од компанијата реагираат дека обвинителката „паушално го спровела вештачењето“ и неосновано ги толкувала исказите на инженерите кои биле повикани единствено да ги објаснат техничките аспекти на набавката на мазут за ТЕЦ „Неготино“. а не да даваат оценки за евентуална финансиска штета“,

Првиот човек на ОЈО ГОК пак Ислам Абази ги отфрли обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ за влијание за запирањето на постапката за предметот во врска со набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“.Абази изјави дека во своето работење нема вршено никакви притисоци врз колегите.

Обвинител Савески не најави дополнителни проверки во оваа фаза.