Институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, соопштија од Владата по денешната средба на премиерот Христијан Мицкоски со копретседателите на ВЛЕН Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговарало за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит.
Средбата се одржа само неколку часа пред најавениот протест на студeнтите Албанци со барање правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Поддршка за студентите, како што е најавено имало од политичките партии од албанскиот блок, како и од функционери од Албанија и Косово.
Други детали од средбата во Владата не се соопштуваат освен дека „решението ќе се бара преку заеднички, мудар и достоинствен пристап“.









