Европскиот отпад на четири тркала завршува во Македонија. Секое деветто возило е
ново, а останатите се автомобили кои Европа веќе ги исфрли од сообраќај. Според
податоците на Царината, од 2020 година до септември годинава во Македонија се
увезени речиси 269 илјади возила, од кои дури 233 илјади се стари. Наместо да се
движиме кон еколошки стандарди, земјата станува депонија за европскиот автомобилски
отпад , велат од зелен хуман град, Драган Димковиќ – вели дека треба да се превземат
поголеми мерки.
Година Стари возила Нови возила Вкупно возила
2020 23,880 5,172 32,278
2021 34,858 5,815 44,712
2022 23,381 8,790 35,458
2023 33,213 9,999 47,050
2024 41,483 13,168 59,530
2025 33,341 9,457 49,951
Вкупно 190,156 52,401 268,979
Изјава Драган – Зелен Хуман град
„Први ствари што мора да ги направиме е субвенции за луѓето да купуваат или
електрични возила или возила коишто ќе имаат еуро 5 стандарди, меѓутоа и самиве
субвенции за да инсталираат течен гас, филтри во стариве возила и така натака. Прво се
што може да направи градов и Министерствово и Владава за да луѓево се мотивираат
да користат алтернативни и еколошки превози и потоа тек кога се ќе биде
имплементирано да воведеме ние забрани.“
Повеќе од половина возила на нашите улици се постари од една деценија. Податоците на
Министерството за внатрешни работи покажуваат дека македонскиот автопарк
значително старее, што отвора прашања за животниот стандард и можностите на
граѓаните да си дозволат понови автомобили.
Стендап 0002
„Официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека
Македонците возат возила постари и од 20 годиини.“ 0002 12,11,2025
Од Вкупно регистрирани 699,113 возила во 2024 година, 588,147 се стари возила, односно
возила постари од минимум 10 години.
Министерсвот за внатрешни работи
Вкупно регистриранивозила 2024 Вкупно регистрирани стари возила 2024 Просечна старост на автомобили во државата
699,113 588,147 21 година
Според податоците кои ги доби телевизија Алсат од царинската управа, од почетокот на
годинава до октовмри, наплата на приходи остварена по основ на увоз на возила е
фантастични 165,85 милиони евра.
Ангел Димовски.









