Владејачкото мнозинсто не го поддржа педлог-законот за измена и дополнување на Законот за Владата по скратена постапка, со кој се предвидува членовите на Владата да имаат исклучиво македонско државјанство. За предлогот на СДСМ гласаа 20 опозициски пратеници.
Од СДСМ по гласањето соопштија дека „уште еднаш се потврдило дека ВМРО-ОКГ е партија полна со функционери со бугарски пасоши“.
„Одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ, за министрите, вицепремиерите и министрите во Владата да не може да имаат двојни државјанства“, велат од партијата.
„Имаме Влада полна со функционери, министри, сите со бугарски пасоши и бугарски државјанства“, соопштија од СДСМ.
Од партијата обвинија дека функционери од ВМРО-ДПМНЕ, додека го блокираат европскиот пат на Македонија и намерно создаваат конфликти со Бугарија, поседуваат бугарски пасоши.
Законското решение, претходно, го образложи координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, кој рече дека измените се предложени по скратена постапка и се поврзани со иницијативите за измените на Законот за пратеници.









