Остана ли институција што не направила проневера, во Академијата на судии и јавни обвинители земале пари а не оделе на седници

0
17

Државниот завод за ревизија утврдил повеќе неправилности во работењето на Академијата за судии и јавни обвинители во текот на 2024 година. Иако ревизорите дале позитивно мислење за финансиските извештаи, за усогласеноста со законите и прописите изразиле мислење со резерва поради низа утврдени пропусти.

Меѓу најсериозните забелешки е начинот на исплата на надоместоци за членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет. Ревизијата утврдила дека дел од членовите добивале целосни месечни надоместоци без оглед на тоа дали присуствувале на седници, а во одредени случаи исплатите биле вршени и пред самото одржување на седниците. За членовите на Управниот одбор, според ревизорите, така биле исплатени најмалку 211 илјади денари повеќе од законски дозволеното.

Кај Програмскиот совет биле исплатени 747 илјади денари за месеци во кои воопшто не биле одржани седници. Ревизорите оценуваат дека ваквата практика не е во согласност со Законот за Академијата
Особено внимание привлекува и начинот на користење на картичките за гориво. Академијата набавила картички во вредност од 325 илјади денари, а дел од нив биле дадени на членови на комисии кои ги користеле за точење гориво во приватни возила. Ревизијата утврдила дека не постоела никаква евиденција кој ги користел картичките, за која намена и во кој износ.

Кај јавните набавки ревизорите утврдиле дека во тендер за кетеринг услуги бил поставен услов понудувачот да располага со ресторан од прва категорија со четири ѕвезди и капацитет од најмалку 60 лица, критериум кој не бил директно поврзан со предметот на набавката.

Дополнително, во текот на 2024 година биле набавени стоки и услуги во вредност од 418 илјади денари без спроведување постапка за јавна набавка, иако законот го наложувал тоа

Извор Вечер