Рокас: Уставните измени од 2022 година треба да се спроведат, а се надевам на контруктивност од соседите

0
11

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ има голема определба земјата да го почне процесот на преговори и дека нема сомнеж оти припаѓаме на европското семејство, но повикувајќи се на неодамнешната изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дадена во Скопје, рече дека договорените уставни измени од 2022 година треба да бидат спроведени. Сепак, изрази надеж дека „нашите соседи заедно со ЕУ ќе бидат доста контруктивни во наредните денови и месеци“.

– Како што знаете, претседателот на Европскиот совет беше овде и тој даде изјава и беше доста јасен. Сите знаеме дека заложбите направени во 2022 година треба да бидат спроведени. Со тоа има голема определба Северна Македонија да го почне процесот на преговори и нема сомнеж дека земјата припаѓа на европското семејство. Работиме доста активно со цел неопходните услови да се исполнат и да одиме напред. Најважно е во меѓувреме да имаме доверба и се надевам дека нашите соседи заедно со Европската Унија ќе бидат доста контруктивни во наредните денови и месеци – изјави Рокас.