Скопје ќе добие три јавни тоалети, најави Ѓеорѓиевски

0
21

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информираше дека јавното претпријатие „Водовод и канализација“ активно работи на терен и дека во градот веќе се ставени во функција повеќе од 210 чешми за пиење вода.

Во однос на јавните тоалети, Ѓорѓиевски посочи дека постојните се под надлежност на фирмата „Тојфор“, но најави дека во подготовка се три современи јавни тоалети. Еден ќе биде поставен во Градскиот парк, еден на плоштадот „Филип Втори“, а еден во близина на Градскиот плоштад.

Градоначалникот најави и дека ќе започнат активности за повторно ставање во функција на подната фонтана на Градскиот плоштад, која во минатото неколку пати била оштетувана од возила.