Пеколни температури, живата во термометрите ќе надмине 35 степени!

0
46

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во одделни планински региони е можна појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 28 до 34 степени Целзиусови.

Во главниот град времето ќе биде претежно сончево со температура до 32 степени. Метеоролозите препорачуваат заштита од сонце и внесување доволно течности во текот на најтоплиот дел од денот.

Според најавите, стабилното и топло време ќе продолжи и во наредните денови.