Македонец кој летувал во Неи Пори за малку ќе се удавел додека се капел во морето, објави грчкиот медиум „Прототема“.
Туристот, на возраст од 70 години, изгубил свест во водата додека пливал.
За среќа, спасувачот бргу го забележал и влегол во морето и го извлекол, по што му дал кислород и човекот успеал да се освести. Пристигнала и итна медицинска помош и тој бил пренесен во болница.
По укажаната медицинска помош, туристот се вратил на плажата и му се заблагодарил на спасувачот што му го спасил животот.
Во друг случај, тројца спасувачи и еден лекар спасиле 65-годишна туристка од Србија, која колабирала на плажата во Лептокарија, Пиерија, веднаш по излегувањето од морето.
„Жената излегуваше од морето и ја изгуби свеста веднаш штом стапна на брегот. Кога повикаа спасувач, беше утврдено дека жената не дише. Тројца наши спасувачи извршија кардиопулмонална реанимација (КПР) и ја вратија во живот, опиша надзорникот на спасувачите, Адонис Киурцидис.
Потоа бил повикан локален лекар кој има ординација во областа и кој веднаш пристигнал за да помогне. Одеднаш 65-годишната жена повторно доживеала срцев застој и повторно ја реанимирале.
„Пристигна итна помош и спасувачите продолжија со КПР бидејќи повторно имаше застој, а на крајот жената се стабилизираше и беше пренесена во Здравствениот центар во Литохоро“, рече Киурцидис.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/mariadelao_87









