ВИДЕО | Го прашаа Рама кога Албанија ќе влезе во ЕУ – тој одговори во свој стил: „Има три работи што не можеш да ги предвидиш – Бог, сексот и ЕУ“

0
13

Албанскиот премиер Еди Рама повторно го привлече вниманието со својот препознатлив стил на изразување, одговарајќи на прашањето кога Албанија би можела да стане членка на Европската Унија.

Видео

Наместо класичен дипломатски одговор, Рама даде кратка, иронична и директна оценка за непредвидливоста на процесот на европско проширување.

„Има три работи што не можеш да ги предвидиш: Бог, сексот и Европската Унија“, изјави албанскиот премиер.