Мицкоски од Струмица: Ќе има промени – на некои фотелјата им станала помила од контактот со народот

0
21

„Добивам поплаки дека дел од министрите и директорите се недостапни за народот, а има и такви на кои приватните патувања им станаа помили од посетата на селата и градовите. Заборавија од каде дојдовме и како започнавме“, рече Мицкоски во своето обраќање на прославата на 36-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ

„Јас сега ќе работам на реконструкцијата на Владата, но од опозицијата треба да внимаваат што изјавуваат во однос на изборите, затоа што може и да им се оствари она што декларативно го зборуваат. Кога го гледам овој народ овде, пораката е јасна: ние сме подготвени. Подготвени сме за секое сценарио“, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва сме собрани да покажеме дека идејата што започна пред 36 години не само што опстанала, туку денес е посилна од било кога, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање на прославата на која се одбележаа 36 години од основањето на партијата.