Телма: Падна фасада од зграда во Карпош, оштетени три возила

0
170

Три возила се оштетени откако падна дел од фасада од зграда во општина Карпош на улицата Јуриј Гагарин број 33. Полиција беше на лице место и направи записник а додека екипата на Телма снимаше, повторно дел од фасадата падна врз паркираните автомобили на жителите на висококатницата, кои втор пат се соочуваат со истиот проблем.

Денеска околу 16:20 часот комшиите нè известија дека е паднат дел од фасадата. Оштетени се три возила. Известени се повторно центарот за управување на кризи, полиција. Малку тешко одеше контактот со инспекторатот од Општина Карпош, но мислам дека полиција тоа ќе го реализира. Бараме решение од Општина Карпош и да постапи по истиот. Ова е опасност за станарите и за случајните минувачи. Само среќа е дека во двата наврата нема повредени жители од овој дел или случајни минувачи“, вели Ана Донеа, станарка во зградата.