Реконструкција на Влада: Преговори во петок и во сабота

0
10

Петок и сабота почнуваат преговорите на владините коалициски партнери околу раконструкцијата на владата . И денеска од Илинденска посочија дека очекуваат конструктивни разговори на кои ќе се дојде до решение и за испразнетите министерски места но и за евентуалните рокади

Влада на Р.С.М: Во петок и во сабота се закажани средбите со коалициските партнери од Вреди и од ЗНАМ . Сега не е време на предвремени избори туку се наоѓаме во втората половина од мандатот на оваа Влада . Имаме коректна и пријателска соработка со партнерите и очекуваме така и да продолжиме . Во делот на албанскиот коалициски партнер Вреди тие беа убедливи победници и на последните локални избори и соработката ќе продолжи .

Очекувањата и на Вреди и на ЗНАМ беа дека ќе ги задржат своите министерски места а на средбата од ВРЕДИ со Мицкоски на маса ќе седнат Билал Касами и Изет Меџити . Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски пак ќе дојде со придружба на генералниот секретар на партијата или координаторот на пратеничката група .Од ЗАНМ евентуалното заминување на Филков веќе го отврлија како шпекулација укажувајќи на тоа дека органите на пратијата дискутирале внатрепартиски и заклучиле дека нивните министри добро се носат со функцијата . Секако ново име се очекува во ресорите кај албанскиот коалициски партнер во ресорот добро владеење кој го напушти Арбен Фетаи но и во социјална политика демографија и млади откако Лимани посочи дека не е повеќе дел од Вреди кои пак сметаат дека тоа министерство им припаѓа и ним . Шпекулациите во јавноста пак не ја исклучуваат можноста за евентуални рокади и во здравство , каде меѓудругите имиња се спомнуваше и она на Беким Сали кому не му е непознат овој ресор ресоро и го водеше краток перидо во период од 2022 до 2023 . Се спомнуваа можни измени и во министерството за спорт и култура но сите тие информации засега се на база на шпекулации .