ПРИСТИГНА ДОЛГОТО ТОПЛО ЛЕТО Денеска е најдолгиот ден во годината

0
16

Денеска почнува летото на северната Земјина полутопка. Со летната долгоденица на 21 јуни, Земјата го достигнува моментот кога Северниот Пол е најмногу наклонет кон Сонцето, што го прави овој ден најдолг во годината.

Во Македонија денот на летниот солстициј ќе трае околу 15 часа и 15 минути.

По денешниот ден, деновите постепено ќе почнат да се скратуваат.

Астрономското лето ќе трае до 22 септември, кога ќе настапи есенската рамноденица.

Според метеоролозите, летото во Македонија почна со високи температури, а во наредниот период се очекуваат и првите поизразени топлотни бранови карактеристични за овој дел од годината.