ДУИ: Тетово на Албанците нема повторно да стане Тетово на Маршал Тито, и трпението има граници

0
83

Баналните оправдувања и очајните обиди да се релативизира одлуката со која се враќаат имиња од југословенскиот период на улиците, плоштадите и мостовите во Тетово, зборуваат повеќе од која било јавна изјава на ВЛЕН, реагираат од опозициската ДУИ.

Некој може да има носталгија кон Јосип Броз Тито. Некој можеби му посветувал пофални песни и бил наградуван за тоа. Тоа е прашање на лични убедувања. Но носталгијата за Тито треба да остане во личните албуми, а не на таблите со имињата на улиците во Тетово. Тетово не е сопственост на носталгичарите по Југославија. Тетово е град со свој идентитет, своја историја, свои личности и свои вредности. Имиња како Илирида, Дервиш Цара, Kongresi i Manastirit и други личности и настани од албанската историја не можат да бидат заменети со симболи на едно минато време кое Албанците одамна го надминале. Позагрижувачка од самата одлука е тишината на ВЛЕН. Тие што денес управуваат со Тетово и имаат свои претставници во Владата не можат да се кријат зад процедурални оправдувања. Граѓаните заслужуваат јасни одговори“, велат од ДУИ.

Од партијата поставија неколку прашања до градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

„Затоа, јавно му ги поставуваме следните прашања на градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами:
Дали Општина Тетово била контактирана од Уставниот суд во врска со овој предмет?
Кој бил официјалниот став на општината во текот на постапката?
Дали имало официјална или неофицијална комуникација со Уставниот суд?
Каква била улогата на претставниците на ВЛЕН во Владата?
Каков став зазела Владата пред Уставниот суд во однос на имињата усвоени во 2007 година?
Албанците во Тетово имаат право да знаат кој молчел, кој се согласил и кој дозволил идентитетот на градот да биде ставен на удар. Не ги потценувајте граѓаните. Не ја сметајте нивната трпеливост за слабост. Тетово нема да се врати во времето на Маршал Тито, а Албанците нема тивко да прифатат укинување на своите достигнувања. И трпението има граници“, стои во соопштението на ДУИ.