Апасиев до претседателот на Уставен: Не ти е голема биографијата туку стомакот

0
19
Screenshot

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со остра објава на социјалните мрежи го нападна претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, оспорувајќи ги неговите академски квалификации и професионалното искуство.

Апасиев напиша дека во „нормална држава“ професорите стануваат уставни судии, а не обратно. Според него, четирите објавени научни труда не се доволни за биографија што би предизвикала почит во академската јавност.

Во реакцијата тој направи споредба со уставни судии од регионот, за кои вели дека имаат десетици трудови објавени во меѓународни научни списанија. Апасиев оцени дека актуелниот претседател на Уставниот суд е далеку од таквите стандарди.

Тој се осврна и на мемоарите и искуството стекнато како кабинетски службеник кај поранешни претседатели на државата, наведувајќи дека тоа не може да се смета за научна работа, туку за публицистика.

„Не ви е голема биографијата, туку стомакот“, напиша Апасиев во објавата.