Апелација му ја одбила жалбата на Стојанче Јовановски, осуден дека ја навел сопругата да се самоубие со ќерката во раце

0
58
Screenshot

Апелациониот суд Скопје му ја одбил жалбата на Стојанче Јовановски, кој е првостепено осуден дека ја навел сопругата Ивана во прегратка со својата ќерка да скокне од балкон и за долгогодишно семејно насилство, и ја потврдил 12-годишната затворска казна која му ја изрече Кривичниот суд.

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-549/26, по одржана јавна седница на 18.06.2026 година, донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Стојанче Јовановски од Скопје и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.551/26 од 07.05.2026 година – соопшти попладнево Апелациониот суд.

Од Судот најавуваат дека ќе биде објавена целата одлука.