Тешко повредена жена од невремето во Скопје, во чантата и била пронајдена експлозивна направа

0
78

Во бизарен случај во синоќешното невреме, од силниот ветар паднало дрво врз 86-годишна жена во скопски Карпош, а потоа во нејзината чанта била пронајдена експлозивна направа, објави МВР во билтенот.

– На 20.07.2026 во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото за понатамошна постапка. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, информира полицијата