СДСМ: И водата во Пласница е неисправна за пиење

0
14

Оттаму бараат министерот за здравство и институциите под негова надлежност да преземат одговорност

ППо Гостивар, Валандово, Лешок и Крушево – Пласница е петто по ред населено место каде за краток рок е констатирано дека водата е неисправна за пиење. Ова го велат од СДСМ, откако во текот на денов во дел од медиумите кружи документ од Центарот за јавно здравје во Прилеп, од последните испитувања на водата од 14 јули годинава, кои покажуваат неисправност.

„Дали е и ова дезинформација на СДСМ и ширење паника? Што вели организираната криминална група ВМРО? Ја уништија економијата. Ја изолираа земјата. Го приватизираа правосудството. Го отруја народот со приказната за „предавници“ и „патриоти“. Го поделија народот. Сега го трујат и со вода. Додека тие се занимаваат со базени, билборди и нови министри, граѓаните добиваат вода што не смеат да ја пијат“, велат од СДСМ.

Оттаму бараат министерот за здравство и институциите под негова надлежност да преземат одговорност.

„Уште колку градови треба да бидат затруени за министерот за здравство и институциите под негова надлежност да преземат одговорност? Ќе покрене ли Савевски кривична постапка против одговорните, наместо да ги крие резултатите од анализите на водата, или чека повик од Мицкоски? Кој град е следен?“, велат од СДСМ.