Земјоделците со ултиматум до власта- или решете ги проблемите или одете си

0
101

Тракторите полни со грозје, млеко, пиперки, јаболка, не стигнаа до Владата.  Откако за  влакно беше избегнат инцидент со полицијата, протестот на земјоделците од повеќе региони во змејава продолжи пред Владата.

Земјоделците и дадоа ултиматум на власта или да ги реши проблемите во земјоделството или да си оди. Побараа редовна и повисока исплата на субвенции и решавање на проблемот со откупот за земјоделските производи да не завршуваат во депонии.