Абази ги демантира обвинувањата за влијание врз истрагата за мазут во ТЕЦ „Неготино

0
66

Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, денеска категорично ги отфрли обвинувањата дека извршил влијание за запирање на истрагата поврзана со набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“.

На денешниот брифинг со новинарите, Абази истакна дека во неговото професионално работење никогаш не ги загрозил самостојноста и одлучувањето на неговите колеги, објави 4news.mk

„Ниту како обвинител, ниту како раководител, на ниеден мој колега не сум му сугерирал каква одлука да донесе, ниту пак сум ја загрозил неговата самостојност. Врз ниеден јавен обвинител не сум вршел притисок или влијание,“ изјави Абази.