Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче, денеска на прес-конференција ја обвини Владата дека ја манипулира јавноста во однос на евроинтегративниот процес и односите со Бугарија, посочувајќи дека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски првично ја премолчел средбата со министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.
Според него, Владата создава вештачки конфликти за да го одвлече вниманието од, како што рече, блокирањето на европскиот пат на државата. Тој ја обвини власта и за, како што наведе, ширење дезинформации поврзани со Преспанскиот договор и членството во НАТО
„Нема поголем патриотизам од признавање и потврдување на македонскиот идентитет и јазик во рамки на Европската Унија. Малцинствата кои се европско прашање не го загрозуваат, туку го јакнат македонскиот идентитет, а внесувањето на малцинствата во Уставот е основен предуслов да се поместиме од оваа мртва точка“, рече лидерот на опозициската СДСМ
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Венко Филипче, денеска на прес-конференција ја обвини Владата дека ја манипулира јавноста во однос на евроинтегративниот процес и односите со Бугарија, посочувајќи дека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски првично ја премолчел средбата со министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова
Според Филипче, откако информацијата се појавила во европските медиуми, Муцунски ја минимизирал средбата, оценувајќи ја како кратка размена на зборови.
Но, најважно е каква е пораката на министерката од Бугарија, а која Тимчо Муцунски и Христијан Мицкоски ја скрија од јавноста“,рече Филипче.
Потоа ја цитираше пораката на бугарската министерка дека прашањето за внесување на малцинствата во Уставот не е билатерално, туку европско прашање, додавајќи дека тоа, според него, потврдува оти условот е дел од европската рамка за преговори.
„Ќе цитирам: ‘Бугарија има јасно изразен став, кој од 2022 година повеќе не е билатерално прашање, туку прашање меѓу Европската Унија и земјата кандидат. Овој прозорец за проширување може да се отвори во наредните години и, ако тие не го искористат, навистина може да изгубат.‘ Што значи ова? Бугарија потврдува дека прашањето за малцинствата во Уставот не е бугарско, туку европско. Тоа е услов на Европската Унија, а не на Бугарија. Европско, а не билатерално прашање“,вели тој.









